Извлечено телото на девојчето – 17 годишно девојче се удавило во Вардар бегајќи од кучиња


Заврши потрагата по девојчето , чие тело беше пронајдено во водите на Вардар без знаци на живот.

Како што јавува порталот Гостиварпрес, вечерва околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето , кое беше пријавено за исчезнато. Телото го нашле жителите , а било извлечено од полициските екипи

Било утврдено дека не дава знаци на живот. Девојчето кое било на возраст од 17 години било нападнато од улични кучиња и паднало во реката.Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош. Но, и покрај интензивната потрага девојчето не е спасено.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во блзиина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1