Извршиле операција самите на себе и преживеале


Мноу често луѓето биле принудени да извршат операција на самите себе си со цел за да преживеат. Еве неколку бизарни случаеви.

Операција на главата

Двејн Вилијамс немал осигурување, но немал ни доволно пари за да ја плати операцијата, па одлучил буквално да ги преземе работите во свои раце и да изврши операција на својата глава. Всушност станува збор за израсток кој го добил по една несреќа. Вилијамс целата операција ја снимил и ја постирал на Јутјуб, но за среќа од таму бле доволно прибрани за да го отстранат видеото, поради одвратната содржина.

Отстранување на завртки од протеза

Откако го скршил зглобот, лекарите биле приморани да го прицврстат со две метални плочки и шест завртки. По некое време на студентот му било непријатно да ја носи протезата, па се пријавил на листата на чекање за нејзино отстранување. Не можејќи да издржи да го дочека денот, со џебно ноже успеал да одврти 5 од 6-те завртки. На последната успеал да си направи лузна, поради која подоцна лекарите морале да интервенираат дополнително.

Самообрежување

22-годишен студент заклучил дека либидото не му било на задоволително ниво и одлучил да го поправи. Откако го одбиле на две различни клиники, се одлучил сам да се обреже. Користел лидокаин како анестетик и ја заопчнал осумчасовната операција. Откако завршил, отишол во најблиската болница за да му ја зашијат раната.

Трепанација

Иако е еден од најстарите оперативни зафати, постојат голем број на лекари кои имаат желба да го изведат и до ден денес. Аманда Филдинг веројатно е еден од најжестоките застапници на овој метод. Во периодот од 70-те години од минатиот век таа се решила да го изведе овој потфат. Ги ставила очилата на тој начин за да нема проток на крв во нејзините очи. Го избричила делот од главата и со брусилка за заби си направила дупка во черепот. Операцијата минала успешно.

Отстранување на куршуми

Дебора Симспон која во војната во Масачусетс во 1700 година била ранета во една од битките, се решила сама да го извади куршумот. Не сакала да ризикува да посети доктори, затоа што во тој случај веднаш ќе била испратена дома. На жените не им било дозволено да одат во војска, па поради тоа со џебно ноже се решила самата да го извади куршумот во нејзиниот бут.

Отстранување на камења во бубрезите

Јоханес Летхаус имал камен во бубрег со големина на јајце на кокошка. Во очај Летхаус се засекол и со прстите успеал да го иззвлече каменот. По тоа повикал лекар да ја зашие раната, со оглед на тоа што не можел да го стори тоа самиот.

operacija_lekari_420x0Отстранување на слепо црево

Хирургот Еван Онил Кејн, одлучил да им покаже на луѓето дека со едноставна операција, како отстранување на слепо црево, не мора пациентите да бидат подложени на целосна анестезија. Доволна била само локална. Сам себе си дал анастезик и направил рез околу стомакот со цел да го извади слепото црево. Не можел да го види убаво резот па земал огледало. Во тој момент му испаднале дел од цревата, а Еван на едноставен начин успеал да ги врати назад. Откако завршил тој бил толку задоволен од успешноста на операцијата, што по неколку години на сличен начин сам се оперирал и од кила.

Царски рез

Инес Рамирез Перез почнала да добива трудови болки, а најблиската болница била одалечена повеќе од 80 километри. Инес со крајни маки со нож двапати направила рез и успеала да го извади бебето од сопствената утроба. Целата процедура траела околу еден час, а после тоа , Рамиерз го испратила едно од своите постари деца да викне медицинска сестра за да и ја зашие раната.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1