Далечната 1996 година никој не ни помислуваше дека една игра која тогаш се појави на пазарот ќе достигне толкав публицитет и слава. Имено, токму таа година Blizzard Entertainment на пазарот ја издаваат Diablo, игра која беше креирана од тогашното Condor Studio, кое подоцна ќе биде преименувано во Blizzard North. Diablo многу брзо ги освои срцата на играчите, беше релативно уникатна игра за тоа време чии жанр беше опкарактеризиран како real time role playing dungeon crawler game, со multiplayer опција за мрежно играње. Истата година Diablo е наградена со наградата Game of the Year од страна на GameSpot. По цели четири години, во 2000 година, Blizzard Entertainment повторно го удира пазарот на игри со второто продолжение од играта, кое се разбира беше наречено Diablo2, кое после една година доби и своја експанзија, наречена Lord of Destruction, повторно како креација на Blizzard North. И двете продолженија од Diablo серијалот се карактеризираа со дизајн кој направи серијалот да стане добро препознатлива франшиза, каде играчот има можност да одбере да игра со една од понудените класи, да истражува мрачни зандани и предели, притоа борејќи се со, ни помалку ни повеќе, демоните од самиот Пекол, бркајќи го Господарот на теророт, самиот Диабло.
Мора да се признае дека за многу фанови на франшизата приказната со Diablo серијалот веќе беше завршена, имајќи го во предвит крајот на вториот дел од играта, и никој не очекуваше дека по 11 години Blizzard Entertainment повторно ќе се појави со третото продолжение од франшизата која успеа да собори светски рекорди, на задоволство на сите фанови на играта.
Diablo 3 спаѓа во жанрот на RPG игри, односно поконкретно COOMOHSRPG, што би значело Cooperative Multiplayer Online Hack and Slash Role Playing Game, доста долга класификација, зар не? Третото продолжение на играта мора да се признае остана достојно на претходните две, и тука како и во претходните игри од франшизата играчот има опција да си создаде лик од една од неколкуте понудени класи, за кои ќе напишам нешто повеќе подоцна во текстов, со кој лик ќе стартува на level 1 и кој ќе го појачува во текот на самата игра, ќе собира појака опрема, ќе отклучува нови појаки способности и магии, и повторно ќе се бори против силите на Пеколот. Класите кои ни се понудени во третото продолжение на серијалот се, Barbarian кој веќе имавме прилика да го видиме во второто продолжение од серијалот и кој помалку или повеќе во одност на стил на играње е не променет, Witch Doctor кој е буквално voodoo црнец чии магии и способности се слични на оние од Necromanser-от од второто продолжение на играта, Wizard кој пак мора да се признае и не е некоја нова класа, во претходните два дела имавме можност да го видиме како Mage во првиот дел и како Sroceress во вториот дел, стилот на игра секако е непроменет, но мора да се признае дека сега дизајнот на самата класа има многу повеќе шарм, Monk кој морам да признаам за мене беше едно големо изненадување, зашто не очекував во една игра со типичен средновековен готско-сатанистички стил да има лик кој ќе го репрезентира источњачкиот будистички дизајн, лик кој ќе се бори буквално со кунг-фу вештини, и за на крај Demon Hunter, класа која е специјализирана за борба од далеку, односно класа чии оружја на избор се стрели, самострели, и најинтересното, така наречени еднорачни самострели кои Demon Hunter-от може да ги носи по два, односно по еден во секоја рака. Секоја класа е уникатна, различна од другите и со потполно различен начин на играње, па така секогаш кога ќе се решите да да заиграте нешто ново нема да ви биде досадно.
Има доста работи во Diablo 3 кои се останати карактеристични за франшизата, секако и тука вашиот лик почнува со level 1 и како што прогредира низ поглавјата на приказната, така собира искуство со кое се качува на следниот level, како и отклучување на нови вештини и магии, собирање на злато кое е потребно за купување на разни предмети, најчесто напивки за енергија, па дури и за поправање на опремата која колку повеќе ја употребувате, толку повеќе се “kрши” и е потребно да се поправи. Максималниот level кој играчот може да го постигне со својот лик е 60. Во ова продолжение од играта, играчот ќе треба да помине низ четири поглавја на приказната. Првото поглавје, како и секогаш се случува во околината на градот Тристрам, кој ни е познат уште од првиот дел, местото каде Диабло успеа да изврши најголемо влијание врз светот, каде сега играчот се наоѓа во ново изградениот град наречен New Tristram. Исто како и во вториот дел, и во третото продолжение приказната во второто поглавје го носи играчот на Исток, во Калдеум, за веќе во третото поглавје приказната да ве одведе на планината Ареат, каде ќе треба да поминете низ кратерот каде некогаш стоеше The World Stone, кој беше уништен на крајот од експанзијата на вториот дел. Интересно е што во претходните два дела, секогаш на крајот играчот одеше дирекно во Пеколот за да се соочи со Диабло, во третово продолжение тоа е сменето, тука играчот оди кај што се мислеше дека злото неможе да пробие, во Рајот.
Има неколку новитети во Diablo3 кои до некаде ја прават различна од претходните два дела. Една од новините е што овој пат Blizzard реши да воведе Аукциска куќа, каде играчите ќе можат да ги продаваат предметите кои не им се потребни, и тоа ќе може да го прават или за злато кое се користи во самата игра, или за вистински пари за кои ќе ви треба или кредитна/дебитна картичка, или PayPal. Сега веќе не ви се потребни Scroll of Identify за да идентификувате некој нов предмет, едноставно со десен клик вашиот лик сам ќе си ги идентификува ново откриените ретки предмети. Исто така не постои веќе и Scroll of Town portal, вашиот лик тоа го добива како посебен skill на 10-ти level.
Како и своите претходници, така и Diablo 3 има неколку нивоа на тежина, кои се отвараат штом ќе го поминете полесното, за повторно да ја изиграте играта но овој пат на многу потежок начин. Новитет е тоа што во ова трето продолжение, за разлика од претходните каде нивоа на тежина беа Normal, Nightmare и Hell, сега се среќаваме и со четврто ниво наречено Inferno, кое верувајте ми е навистина тешко за поминување и кое претставува вистински предизвик за оние кои сакаат тешки опредизвици. Се на се Diablo 3 е интересна и забавна игра, која воопшто не заостанува во однос на своите претходници, игра која ќе го задржи вашето внимание и ќе ви понуди доста забава. Ја препорачувам.
[youtube http://www.youtube.com/watch?v=LEAPxgMCEA8]
ОЦЕНА: 8/10
Пишува:
Рики Манасиев (halfelfpaladin)
http://halfelfpaladin.deviantart.com/
Во соработка со: