Манекенка од Ријека ја избодела со нож својата сестра близначка, љубоморна на нејзината врска со момче кое им се допаѓало и на двете.
22-годишната Сара Грковиќ, модел од Хрватска, во саботата навечер ја нападнала својата сестра близначка Дајана со кујнски нож, со кој ѝ нанела тешки повреди.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, сестрите се искарале поради момче кое им се допаѓало и на двете. Дајана започнала врска со него, а Сара, очигледно, тоа не го одобрувала.
Според зборовите на нивните соседи, двете сестри кои живееле со својата мајка, секогаш биле исклучително добро воспитани. Оние кои ги познавале, рекле дека било речиси невозможно физички да се разликуваат, но дека ретко ги гледале заедно, пренесуваат хрватските медиуми.
„Иако живееја на иста адреса, водеа одвоени животи. Откако нивната мајка замина да работи во Германија, малку беа распуштени, но не толку за да помислиме дека може да се случи нешто вакво“, кажале соседите за убавите сестри.
И покрај тоа што и двете се подеднакво исклучително убави, сестрите отсекогаш биле љубоморни една на друга.
„Не верувам дека им завидуваа на други жени поради изгледот, но меѓусебно секогаш се натпреваруваа. Со татко им долго време не се во контакт и тој никогаш не и` плаќаше алиментација на нивната мајка, па така, во последно време беа препуштени сами на себе“, кажал еден од семејните пријатели.