Ја камшикува ќерката поради слики на Фејсбук


Шокантно видео во кое една мајка од Тринидад и Тобаго ја тепа својата 12-годишна ќерка со ремен бидејќи објавувала разголени фотографии на Фејбук го шокираше светот.

Да биде работата пошокантна, видео снимката ја направила самата мајка и ја објавила на Фејсбук за дополнително да и дојде памет. На снимката е забележан моментот во кој Хелен Бартлет, мајка на четири деца брутално со ремен ја тепа ќерката додека таа плаче и се обидува да се одбрани. Иако беше поставена на Youtube снимката е подоцна отстранета од сервисот поради нејзините експлицитни сцени на насилство.

motherkamsikОва вознемирувачко видео ја подели јавноста во земјата. Едни ја оправдуваат постапката на мајката, додека други сметаат дека тоа е злоупотребување на деца. Меѓутоа и покрај тоа што доби ќотек, девојката заедно со својата сестра во средата објави видео во кое и дава поддршка на својата мајка.

Девојките рекоа дека Бартлет е добра мајка која само сакала да ја заштити ќерката од прерана бременост или нешто полошо.

Во текот на интервјуто кое мајката го дала нагладува дека е подготвена и да оди во затвор за да ја изведе ќерката на вистинскиот пат.

На прашањето дали жали за својата постапка, рекла дека стои зад неа но и дека и е жал што видеото со кое само сакала да ја посрамоти својата ќерка станало толку славно.

Таа инаку сама ги расте трите ќерки и синот, бидејќи таткото ги напуштил. Самохраната мајка додава дека од тогаш нејзината ќерка е проблематична и дека ги исцрпила сите мерки за добро да ја воспита па дури барала и советување за неа.

Тоа што посебно ја налутило минатата недела го ја претепа ќерката е тоа што на Фејсбук видела допишување со еден врсник кој се обидувал да ја наговори на секс со него, како и тоа што ги забележала фотографиите во долна облека.

Девојчето, кое по емитувањето на снимката не одело во училиште, рекло дека не ја обвинува мајка си поради нејзината казна и дека е сигурна дека мајка ѝ никогаш не би ја повредила посериозно бидејќи „премногу ја сака“.

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1