Ја казниле зошто 3 год дете ,, се измочкало,, во дворот на нивната куќа (Видео/Фото)


Мајка на 3 годишно дете од Оклахома е казнета со $2,500 откако полицаецот ја ,,фатил,, како нејзиното детенце неможејќи да издржи уринирало на тревникот во дворот на нивната куќа.

Ashley Warden тврди дека полицаецот пришол и и ја подал казната.

,, Дилан неможеше да издржи и само ги соблече панталоните и се ,,измочка,, тогаш пријде нигде од никаде на оградата полицаец и ми побара документ за идентификација и ми кажа дека ќе ми пише казна за уринирање на јавно место, кое јавно место, детенцето уринираше во нашиот сопствен двор,, изјавила мајката за KWTV News.

Мајката запрепастена му рекла, тоа е само детенце, а полицаецот дрско и одговорил дека не го интересира, кога му рекла дека тоа е нивна сопственост нивен двор тој рекол штом јас го видов тоа е јавно место и јавно уринирање.

Семејството веднаш поднели и жалба против полицаецот во полицијата, но не сакале ниту да им ја примат туку им ја фрлиле назад од шалтерот. Семејството револтирано најмило адвокат и сега ја тужи и полицијата и полицаецот.

Откако телевизиите ја објавиле нивната приказна илјадници семејства се јавиле да кажат дека нешто слично им се случило и ним. Поради публицитетот на вратата на семејството затропал лично шефот на полицијата Alex Oblein, кој дошол да им се извини и им понудил да ја скинат казната и да заборават на се.

ABC телевизијата се обидела дути да дојде и до полицаецот Ken Qualls, но одбил да разговара.

Семејството сега и се грижи дека полицијата во градот ќе им се одмаздува поради срамот што им го нанеле со изложување на приказната на медиумите. Знаат какви возила возиме, каде живееме, сигурно ќе се обидат да ни сместат нешто, изјавила мајката. Но сепак нема намера да се повлече. Ако се полиција не се богови и мора да знаат како се однесуваат со оние кои ги плаќаат. Да ми влезе во куќата и да ме казнува во сопствениот двор зошто 3 годишно детенце неможело да додржи, па уште одозгора и да е дрзок со мене пред моето дете, е тоа неможе да се прости и се надевам ова ќе им биде лекција,, изјавила мајката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1