Ја крстиле Васка во знак на благодарност за докторот – среќен крај во болница во Битола


3 часот по полноќ, веќе бев потонат во длабок сон кога заѕвони мојот домашен телефон. Во првиот момент помислив да не се јавувам, бидејќи сметав дека некој мој пријател по новогодишното славје сака да ми ги честита празниците. Сепак, како началник на Ургентна медицина, навикнат да ме будат во кој било дел од денот или ноќта, решив да се јавам на повикот.  Вака ја почнува својата приказна за невообичаеното и драматично породување на Клиничката болница во Битола, кое се случи на петти јануари, д-р Васо Радивоевиќ, еден од првите специјалисти за ургентна медицина во земјава, за Нова Мaкедонија.

bebe inkubator

– Докторе, извинете што ве будиме олку рано, но мораме. Пациентката само што не се породила, а ние поради оштетени крвни садови не можеме никако да најдеме крвен сад и не можеме да ѝ дадеме инфузија – јавиле од клиниката, при што тој веднаш заминал.

– На сите ни беше јасно дека заминувањето за Скопје ќе биде крајно ризично и мораме да интервенираме во нашата болница. Но, како да најдеме начин за да можеме интравенозно да ѝ дадеме инфузија со лекови. Во тој момент одлучив да ја применам методата што кај нас во болницата дотогаш не беше применувана, која рутински ја користат војниците на САД и на Франција во државата Мали, а често се употребува во САД, бидејќи таа е нивни изум. Имено, се работи за давање инфузија интраосеално, или директно преку коскената срж. Откако ѝ објаснив за каква метода се работи, пациентката без размислување се согласи. Во тој момент ја замолив своерачно да потпише изјава со која изјавува дека се согласува на таква интервенција и дека е запознаена со сите последици – вели Радивоевиќ.

Благодарение на неговата интервенција, Т. Д. од Битола, на возраст од само 22 години, на светот донела здраво женско дете, а ризичното  породување завршило без никакви компликации.

НОВА МАКЕДОНИЈА

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1