Ракометарите одбија да се качат во автобусот на кој стоеше ПЈР Македонија – го прелепија со салотејп


avtobus-fir4

Фото – Екипа.мк

Пристигнувањето на македонската ракометна репрезентација во Доха го означи непотребна тензија откако нашиот национален тим требаше да биде пренесен кон хотелот со брендираниот автобус што организаторите го имаат подготвено за секоја од земјите учеснички на мундијалот.

„Проблемот“ настана кога беше увидено дека автобусот е брендиран како FYR Macedonia, називот под кој сме примени во светската ракометна куќа, но нашата делегација сепак реагираше потенцирајќи ја желбата возилото да биде брендирано со нашето уставно име.

Катарците се покажаа како добри домаќини, па веднаш беше реагирано, делот „FYR“ беше покриен, по што ракометарите со „македонски автобус“ пристигнаа во својот хотел.

Ekipa.mk

Фото - Екипа.мк

Фото – Екипа.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1