Пораката со оваа бездушна содржина била објавена на Фејсбук од 14 годишната Гвадалупе Шо, откако 12 годишната Ребека се фрлила од напуштена фабрика за бетон во Флорида.
Бандата која тие ја организирале да ја малтретира Ребека била поголема. Дури 15 деца му се окомиле на девојчето. Секојдневно и испраќале навредливи пораки, дека е грда, треба да се напие варакина и да умре и слично на тоа. И се заканувале дека ќе ја претепаат а најмалку еднаш и навистина била физички нападната. Полицијата претпоставува дека малтретирањето почнало кога Шо почнала да се забавува со поранешното момче на Ребека.
Гвадалупе Шо сама признала на Фејсбук дека ја малтретирала Ребека.
– Ја малтретирав Ребека, се уби и баш ме заболе – напишала таа по што била уапсена.
Во компјутерот на несреќната Ребека е пронајдена порака – ќе скокнам , која таа ја испратила до едно момче.
Полицијата алармира дека ова станува честа појава и ги повика уште еднаш родителите добро да внимаваат со што се соочуваат нивните деца на интернет!