Блаженка Наход, 29-годишната мајка од Србија која загина во страшна сообраќајка и го остави двегодишното синче без родител, замина во смрт поради нејзиното момче кое возело пијано со голема брзина.
Се работи за 34-годишниот Владан Чесаревиќ кој управувал пијан со својот автомобил марка БМВ на автопатот во близина на аеродромот “Никола Тесла”. Најпрво удрил во автомобил марка Мазда, а потоа и во камион.
Алкотестот покажал дека тој имал 1,5 промили алкохол во крвта, дознава “Блиц”.
– Прво, тој негирал дека возел, но оттогаш ја променил неговата изјава. Момчето кое ја однесе жената во смрт за да се одбрани тврди дека покојната управувала со автомобилот, пренесуваат српските медиуми.