Ја оставил сопругата бремена – се вљубил во сестра и – убиството во Шутка крие неверојатна приказна


Тргнал да ја земе бремената сопруга од кај нејзините роднини, заминал во смрт. Наместо прослава за Рамазан, семејството нан Аки Реџепи денеска е во црно. Трагично заврши неговата љубов со со Шукрије, откако нејзиниот очув, му пресуди удирјаќи го со метална шипка во главата. 25 годишниот Аки, утрово почина во болница.

sutkaubistvoПо неколкучасовната расправија на оваа улица каде што бил целосно искршен автомобилот на починатиот Аки Реџепи, семејството на неговата жена го повикале кај нив дома со цел да разговараат и да се смират но како што велат соседите тие го затвориле во куќата и го претепале до смрт.

Родителите на убиеното момче во шок. За се ги обвинуваат своите сватови.

Според нив, Аки и Шукрије повеќе од една година живееле во среќен брак од кој имале едно, а го чекале и второто дете. Проблемот, според нив настанал, кога Аки се вљубил во сестрата на својата сопруга. Тоа не можел да го издржи нејзиниот очув, кој вчера, во полиција пријавил дека зетот ја грабнал неговата ќерка.  Во обид да се смират работите, го повикале Аки, да им ја врати едната ќерка и да си ја земе бремената сопруга за заедно да го прослават Рамазан. Наместо празнична атмосфера, помирувањето завршило крваво, пренесува Прес 24.

Прес 24.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1