Синиша Иванковиќ (32) од Загорје мораше вчера вечер да ја породи сопругата Ана (31) зошто возилото на Брза помош не можела поради снегот да се пробие до нивната куќа.
-Бев со сопругата при нејзиното второ породување во родилиштето, видов како докторот и го стисна стомакот, па и самиот го направив тоа. Воопшто немаше проблем, вели таткото кој сам на свет го донесе синот Иан, тежок 3.950 грама и дог 50 сантиметри.
Терминот на Ана се уште не бил дојден, а при прегледот во саботата наутро ЦТГ не покажувал дека дента ќе се породи, па таа останала дома. Но во 23 часот и почнале првите болки, кои станувале се почести и посилни. Ана и Синиша веќе имаат две деца, па Ана знаеле дека ќе се породи наскоро.
Синиша ја повикал екипата за расчистување, но не можеле да се пробијат.
-Жената тогаш ми рече: Готово е, ми пукна водењакот, бебето тргна. Веќе му го гледав главчето. Ја породив без проблем, вели таткото кој ја породил сопругата за само 15 минути.
Двајцата се исплашиле зошто на бебето папочната врвка му била обвиткана околу вратот, но супертаткото го средил и тоа. Тој дури и го избањал детето пред да дојде медицинската екипа која пешки низ снегот морала да се пробие до нивниот дом.
Бебето и мајката се сместени во болница, каде по прегледите е констатирале дека се во најдобар ред. И малиот Антонио (6) и Карло (2) добиле братче без да знаат, зошто ја преспале целата драма во нивниот дом.