Ја претепале и ја оставиле во запален автомобил – Ужасни детали за смртта на познатата пејачка


Бразилската полиција соопшти дека тројца мажи се уапсени под сомнение за убиство на познатата пејачка чиј хит „Ламбада” сите го пееме, Лоала Браз Вивиера.loalvabrazvijeira1000x0uykm67i676_1-99753

Последните информации беа дека таа била пронајдена во нејзиниот автомобил кој горел, но обдукцијата на телото покажала дека три момчиња на возраст од 23, 21 и 18 години, се обиделе да го ограбат домот на пејачката, таа пружила отпор, а тие ја убиле брутално со нож.

Тие ја претепале со тврди предмети по целото тело, ја избоделе со нож, па ја ставиле во автомобилот и ја запалиле.

Дрвените тврди предмети и ножот биле пронајдени во близина.

Казната за ова дело е до 30 години затвор.

Да се потсетиме на најголемиот хит на пејачката…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1