51 година по нејзината смрт, на виделина излегуваат документите на познатиот холивудски приватен детектив Фред Оташ, кој почина во 1992.
Дел од неговите откритија пред јавноста ги претстави неговата ќерка Колин!
Според сознанијата на детективот Оташ, Мерлин била во сексуална врска со Џон Кенеди но и со неговиот брат Боби, и се жалела дека тие „ја додавале еден на друг како парче месо“.
Во неговите белешки, Оташ пишува:
Ја слушав Мерлин Монро како умира!
Оташ имал инсталирано уреди за прислушување во нејзиниот дом во Лос Анџелес.The Hollywood Reporter деновиве објави детали за тоа што се слушнал Оташ преку овие уреди – пишува Дејли меил.
На 5 август 1962 Оташ снимил голема кавга меѓу Мерлин и браќата Кенеди.
– Таа навистина викаше а тие се обидуваа да ја смират – Навистина викаше на цел глас, а тие се обидуваа да ја стишат.
– Таа отиде во спалната соба, а Боби зема перница и и го пригуши викањето за да не ја слушнат соседите.
Кога Мерилин се стивна, тој побрза и замина – запишал Оташ, кој дури подоцна открил дека Мерилин починала истата вечер.- пишува во бележникот на детективот.
Сите снимки и документи кои би можеле да послужат како докази за сексуалната врска на Мерлин со браќата Кенеди и кои би можеле да фрлат светло на нејзината смрт биле одземени од адвокатот на Оташ по неговата смрт и никогаш не биле објавени.
Покрај Мерлин, тој ги „озвучил“ и Рок Хадсон и Џуди Гарланд, меѓу другите, бидејќи во шеесеттите бил најславниот холивудски детектив./извор Дејли Меил.