Ја тужи компанијата бидејќи го плаќаат, а не работи ништо – за 12 години 800 000 долари


Инженер кој работи во француската железница (СНЦФ) сака да ја тужи својата компанија бидејќи го плаќаат, а не работи ништо.

Чарлс Симон, се одлучил на оваа тужба откако 12 години редовно примал плата од 5.500 долари како и бонуси од 600 долари за празниците, а за тоа време седел дома и не работел апсолутно ништо.pari

Тој досега добил околу 800.000 долари, а ниту еднаш не бил на работното место.

Симон сака отштета од компанијата бидејќи смета дека СНФЦ наводно му ја уништиле кариерата. Имено, 2003 година Симон е суспендиран откако открил сомнителни работи во компанијата во вредност од дури 22 милиони американски долари. Тогаш работел во логистичката фирма „Geodis Solutions“, која е филијала на СНФЦ.

– Последните три години додека работев, открив проневери околу лажни фактури, што на годишно ниво изнесуваат дури 22 милиони долари – изјавил Симон за медиумите.

Тој своето откритие го пријавил на властите, а директорот му рекол да почека додека не му најдат друга работа. Оттогаш поминале 12 години.

Тој се надева дека неговиот случај ќе им помогне на другите како него, бидејќи како штои вели тој, не е единствениот на кој тоа му се случило.

Симон во изминатите неколку години напишал неколку барања, за надополнување на штетата , а досега не добил никаков одговор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1