Овие доаѓаат накај Македонија – Мигрантите крвнички се тепаат за да се качат на брод


50-на имигранти од Авганистан, Пакистан и Иран се судрија денеска кај главната полициска станица на грчкиот остров Кос, на кој досега пристигнаа неколку илјади имигранти.

Очајнички имигрантите се обидуваат да го напуштат грчкиот остров Кос, додека таму се случува вистински хаос, од преголемиот број на имигранти, пишува британски Телеграф.kos

Вчера на грчкиот остров се случувал вистински хаос, додека имигрантите очајнички се обидувале да се качат на брод, започнувајќи и крвави меѓусебни тепачки.

Имигрантите имале мали шанси да се сместат, бидејќи приоритет според грчките власти за сместување на крузерот со капацитет од 2.500 места имале Сиријците, кои бегаат од граѓанската војна во земјата и според меѓународното право имаат поголема заштита од економските имигранти.

Тие ги извикувале имињата на своите земји додека фрлале камења и се тепале со тупаници, а најмалку еден маж лежел на земја додека останарите го шутирале со нозе.

Некои од насобраните се обидувале да ја смират ситуацијата, додека грчката полиција не интервенирала.

– Не интервениравме, бидејќи наш приоритет е заштита на полициската станица, рекол припадник на единицата.

Подоцна групата Иранци се обиделе да го пробијат полицискиот кордон пред станицата, но полицијата со пендреци ги принудила на повлекување.

Видеото можете да го погледнете на Telegraf.co.uk.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1