Ја убил пред сестрата близначка: И пукал во глава додека молела за живот (ФОТО)


Близначките Џесика и Андреа (21) прославувале крај на семестарот во познат студентски бар со пријателите.

news_112535

Далтон Смит (30) за кој полицијата трагала и имала издадено налог за негово апсење уште минатата година и кој веќе служел казна затвор, забележал дека близначките со пријателите трошат многу пари за пијалоци.

Смит ги следел сестрите кога го напуштиле барот. Тој со маска на лицето упаднал во нивната куќа во Хемпстед и ги држел како заложници.

„Знам дека имате многу пари“, рекол тој и и’ наредил на Шенон, пријателка на близначките, да оди до банкомат по пари, а ако се обиде било што да направи, и се заканил дека ќе ги убие нејзините пријатели.

Веднаш штом излегла од куќата, Шенон повикала полиција. Меѓутоа, трагедијата се случила пред да пристигне патролата.

1368954681untitled

Соседите велат дека се слушнало застрашувачко врескање.

Андреа молела за својот живот, а потоа се слушнало пукање. Девојката брутално била убиена пред очите на својата сестра близначка.

Полицијата ја опколила нивната куќа, која припаѓа на студентски кампус, и во пресметката за време на апсењето го убила провалникот.

Пријателите и останатите студенти кои живејат тука се во шок.

Злочинот се случил во петокот, а засега не е познато како преживеала близначката која ја изгубила својата сестра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1