Козимо Панјани, 39-годишен маж од околината на Наполи, во неделата попладне со нож ја избодел до смрт неговата сопруга по расправија. Потоа, веста за неговото злосторство ја објавил на Фејсбук, каде на статусот собрал повеќе од 300 лајкови.
Неговата сопруга, Марија (34), починала од убодните рани во стомакот откако нејзиниот маж ја нападнал со нож за земјоделски работи. Веднаш потоа, тој на неговиот Фејсбук профил напишал: ” Мртва си ку*во “, пренесуваат италијанските медиуми.
Над 300 луѓе го “лајкувале” овој морбиден статус, веројатно нејнаејќи што тој направил, а следниот ден била отворена и Фејсбук страница посветена на овој монструм, за како што се вели на неа, неговото злосторство никогаш да не се заборави.
Тој набрзо бил уапсен, а сега е во затвор каде што се соочува со обвинение за убиство.
Tочниот мотив за убиството се уште не е познат, но се претпоставува дека се случило по семејна расправија. Двојката била разведена, а родителите се спореле на кому ќе му припадне старетелството над 7 годишната ќерка.
Убиецот, во мај годинава, без дозвола на мајката го зел детето во Минхен, каде што имал привремена работа. Сепак, веднаш по неговото враќање во Италија, судот привремено го доделил девојчето на мајката.