На утринската програма на српското радиот РадиоС, Владимир од Њујорк ја бара Македонката Ева која ја запознал во метро. Неговата порака гласи вака:
– „Здраво луѓе, ве слушам редовно иако сум далеку од родниот град, во Њујорк. Пред неколку дена налетав на нешто најубаво, на Ева. Срцето ми беше поголемо кога ми кажа дека е Македонка. Ева ми даде контакт, но јас го изгубив, извинете малку сум несмасен. Знам само дека се заљубив и дека ја барам, дека вие можете да ми помогнете. Затоа ве замолувам да ја пронајдете. Ева од Њујорк пристигна на 8 февруари во Скопје. Ја видов само еднаш во њујоршкото метро, а веќе ми недостасува“.
Па, да му помогнеме на Владимир кој очајно ја бара девојката во која се заљубил на прв поглед.