Ја залепил вратата на Топлификација со супер лепак – вработените не можеле да влезат


Вработените во „Топлификација-Снабдување Исток“ завчера доцнеле со отварање на канцеларијата оти некој им ја саботирал бравата од влезната врата на просториите во населбата Аеродром, пишува Нова Македонија

Тие си дошле на работа во 8 часот, но неможеле да ја отворат вратата – вратата била целосно блокирана бидејќи некој ставил голема количина на супер лепак. Вработените се пречекувале на терасата од мезанинот на зградата на булеварот Јане Сандански

Се обидувале да ја отклучат, но бравата била оштетена а вратата комплетно зацементирана со лепакот. Ја известиле полицијата, МВР за Нова Македонија го потврдил случајот и според пријавата викендов непознато лице извршило оштетување на влезната врата од канцеларијата.  Според полицијата, со погоден предмет била оштетена бравата, но сторителот не успеал да влезе внатре во просториите. Полицијата испитува дали е желба да и се наштети на топлификација или пак е обид на крадец да влезе во канцелариите па не успеал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1