Ја застрелал поради љубомора – лекарите се борат за нејзиниот живот


Мирослав Костиќ, 23-годишно момче од Србија, пукаше во својата девојка поради љубомора. Тој со автоматска пушка пукал во Виолета Младеновиќ, неговата 19-годишна девојка која го изневерувала со друго момче. По кратка расправија, тој земал пушка и и нанел прострелна рана поради која младата девојка е во животна опасност.zastrelal.jpg-500

Извор близок до истрагата за српскиот Курир вели дека Мирослав пукал во Виолета бидејќи дознал дека го изневерува и бил љубоморен. Сестрата на повредената девојка вели дека таа два месеци живеела со  него и дека не можела да избега од куќата кога почнале проблемите.

– Проблематичен беше и љубоморен, не можеше да избега. Велеше дека не може да издржи, дека ја малтретира кога ќе си дојде дома. Таа работеше кај него, ја чуваше неговата баба, а пооа тој се заљуби. Доаѓаше пијан и и правеше проблеми. Таа отворено му кажа дека се заљуби во негов другар, а тој полуде, вели сестрата.

Момчето е приведено, а лекарите се борат за животот на Виолета.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1