Таа го жртвуваше медалот и олимписката кариера за да нејзиниот сопруг може да тренира, а таа да се грижи за децата.
Порано велеше дека не се кае, а кога ја прашуваа како се чуствува што е на трибините наместо да се натпреварува нејзиниот одговор беше дека и и е гордост да го гледа сопругот како се натпреварува и освојува медали.
Но приказната на оваа пожртвувана спортистка сега има поинаков крај. Имено нејзиниот сопруг олимпиецот Ник Демпси (32), кој во 2012 го освои сребрениот медал во сурфање на ветер, ја остави својата сопруга екс спортистката Сара Ајтон(32), и тоа ни помалку ни повеќе туку за девојката која дојде како нејзина замена во олимпискиот тим откако таа се откажа поради семејството.
Новата њубов на Ник е 25-годишната Хана Милс, со неа се појавува на сите приеми, а неговата сопруга никаде ја нема. Хана се напреваруваше во олимпискиот тим на местото на Ајтон во 2012 и освои сребрен медал.
Сепак се чини дека што и да направи Ник, неговата поранешна сопруга и ако се откажа од спортот додека траеше имаше поуспешна кариера од него – бидејќи токму таа беше една од 3 жени во тимот кој во 2008 во Пекинг освои златен медал. Сега се грижи за нивните деца кои се на возраст од само 3 години и бебенце од 9 месеци.