Резултатите од истражувањата на тим тајвански научници покажале дека луѓето кои јадат топла храна од пластични чинии влијаат директно врз здравјето на бубрезите.
Во истражувањата учествувале две групи – едната јадела супа од керамички садови, а другата од пластични.
Пред јадење и два часа по јадење на учесниците во истражувањето им бил земан примерок од урина, а три недели подоцна процедурата била повторена.
Оние кои јаделе од пластични садови имале двојно поголемо ниво на меламин, супстанца која се користи во производството на пластични маси и го зголемува ризикот од формирање камен во бубрезите, од оние кои јаделе од керамички садови