Според неодамна објавена статистика, просечен Европеец секоја година јаде по 21 килограм риба. Просечен Балканец секоја година јаде по 8,5 килограми риба во просек.
Сепак колку е квалитетна рибата која што ја конзумираме останува знак прашалник, доколку се земе во предвид дека истата доаѓа од далечни предели, па до нејзиниот пат до масата, истата на неколкупати е замрзнувана.
За лошиот квалитет на филетите се пожалиле децата од словенечките градинки и училишта говорејќи дека рибата која што им била послужувана има лош вкус и мирис, Здружението на потрошувачи во оваа земја одлучи токму замрзнатите риби да ги подложат на тестирање.
Биле тестирани 12 различни замрзнати риби и тоа најпрвин биле измерени, потоа замрзнати, потоа повторно стопени и повторно измерени. Се чини дека некои од пакетите биле со 40% вода, по што се заклучило дека ледот е составен дел од цената на продажбата на рибата.
Резултатите од тестирањата биле катастрофални.
Во самите филети биле пронајдени коски, останки од опашката, од примарната амбалажа и пластика, а голем број на дегустатори посочле дека кај дел од примероците има силен мирис на хлор.
Дегустаторите процениле дека само кај еден од 12 примероци, рибата е задоволителна, а во еден примерок биле пронајдени и износот на кадиум кои го надминува дозволеното ниво. За зашита на децата во градинките и училиштата, словенечките здружанија на потрошувачи доставиле до надлежното министерство барање за купување на риба со фиксно ниво на квалитет.