Tуристичката понуда во приватното сместување долж хрватското приморје е значително зголемена ова лето. Огласите за изнајмување на апартмани, куќи или вили за одмор низ Јадранов никогаш не биле толку евтини среде сезона.
Причината е што ррадиционалните јунски гости, кои масовно ја посетуваа Хрватска во приватните сместувања како Чесите, Словаците, Полјаците и граѓаните на БиХ, оваа година се помалкубројни, па во паника од празните апартмани, овие денови сопствениците и најдобрите кревети во првиот ред на морето ги нудат за 10 евра.
Според „Слободна Далмација“, деновиве четирикреветен апартман во Сукошан се нуди за 30 евра, во Биоград за 35 евра, во Златон за само 27 евра. Во Паг соба до крајот на јуни во апартман била 12 евра, а во Водици четири лица може да летуваат во апартмани до почетокот на јули за 30 евра.
Но, ни во Сплит не се полни сите постели, па апартман за четворица се изнајмува овие денови за 50 евра, а во Макарска на море за 40 евра, во Каштели кревет во апартман шест до осум евра, колку и во некои празни апартмани на Пељешц.