Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ и екс функционер на СДСМ, во своето гостување на 24Вести откри кога според него СДСМ го допре дното.
На прашањето дали очекува Заев да објави разговори и од него, Јакимовски вели дека од СДСМ ништо не може да го изненади.
-Тие дното го допреа со тоа што ми поставија пред мојата врата венец со запалена свеќа и црн повез на кој пишуваше „Почивај во мир Стевче“. На секоја тараба пишуваа недолична содржина, му се закануваа на моето семејство, облекуваа кучиња со мои маици. Ништо од нив не може да ме изненади.