СДСМ се води по две точки со кои ги лажат сопартијците, а тоа е дека имаат странска поддршка и дека ДУИ ќе излезе од коалицијата.
-Прво нивната девиза е што поголем хаос подобро за нив, тоа значи дека власта ќе се диспензира. Второ СДСМ на ваков начин постојано го лаже членството дека имаат поддршка. Тоа се двете тези: дека меѓународниот фактор ги поддржува и дека ДУИ ќе излага од власта, истакна претседателот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ Стевчо Јакимовски, за време на гостувањето на вестите на Канал 5.
Тој додаде дека од страна са СДСМ слушаме за безимена имагинарна странска поддршка, а од друга страна поддршката на сметка на ВМРО-ДПМНЕ е со име и презиме од страна на европратениците.
-Тоа е европско правило. Можеш да се тепаш во Парламентот, но злочин е да го напуштиш бидејќи граѓаните те избрале за свој претставник таму, заклучи Јакимовски.