Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку Твитер предупреди дека функциите на државата се доведени во прашање, откако беше објавена одлуката на Оливер Спасовски, новиот министер од врвот на СДСМ, за одземање на сите пренесени ингеренции од досегашните министри на раководителите на сите организациски единици на министерството, Бирото за јавна безбедност, централните полициски служби, сите сектори за внатрешни работи, УБК и сите сектори во Управата, спротивно на Законот за Влада усогласен на последната средба меѓу партиите за затворање на Договорот од Пржино.
Извори од МВР за Press24 велат дека одлуката на Спасовски е незаконска и многу штетна.
Во моментов Директорот на Бирото за јавна безбедност нема овластување да издаде наредба за акција на припадниците на специјалните единици, дури ниту во ситуација кога би имало киднапирање на дете или пак терористичка закана. Последната телеграма на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски комплетно го блокираше Министерството.
Со ова одлука Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба. Од вечерва, полицајците кои апсеа дилери, педофили и убијци веќе немаат овластуваа.
Спасовски преку телеграма вечерва им ги одзема овластувањата на сите вработени во полицијата.