Јанша: Повеќе чесни луѓе има во затвор, отколку во политиката


Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша им изјави на своите симпатизери, кои го испратија до затворот, дека „веројатно во затвор има повеќе чесни луѓе, отколку што се денес во словенечката политика“.

– Во Словенија треба да биде рехабилитиран зборот „чесност“, посебно во политиката која стана обичен циркус и каде зборот „чесност“ не постои – истакна Јанша.

24-jansa-resetke_2014-1728x800_c

Освен политичарите, тој ги обвини и словенечките медиуми поради наводно пристрасно извествување за неговиот случај и судењето, на кое доби две години затвор поради корупциската афера „Патриа“.

Според пресудата, Јанша во 2006 година, кога бил премиер, од посредници на „Патриа“ прифатил ветување дека ќе добие парична награда доколку оваа финска компанија го добие тендерот за опремување на словенечката војска со оклопни возила, кој бил вреден 278 милиони евра.

Оваа пресуда може да ја укине единствено Врховниот суд, каде Јанша поднел жалба, но оваа институција сè уште нема донесено одлука.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1