Овие работници уживаат – Во кои земји вработените имаат најмногу одмор


Франција, Белгија, Италија и Нов Зеланд се земјите каде што вработените имаат најмногу денови за одмор во текот на годината. Македонија е на приближно ниво, со 20 дена платен одмор и 11 државни празници, пишува Утрински

summervacation1Во Франција, каде што стапката на невработеност изнесува 10,3 отсто, вкупно во текот на годината вбработените имаат право на 31 ден одмор. Државата има само еден државен празник за кој работниците имаат загарантиран платен ден, а тоа е Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. Сепак, им се овозможува на работниците да користат 30 слободни дена во годината. Деновите за одмор се зголемуваат како што расте стажот. Неодамна, Франција усвои реформи на пазарот на трудот со кои на компаниите им се олеснува да ги укинуваат работните места, а во исто време да ги зголемат бенефициите за работниците по договор. Французите се високопродуктивна работна сила, која создава 57,70 долари на час во вредност, наспроти 60,20 долари на час во САД.

Во Белгија годишно се користат вкупно 30 дена за одмор. Стапката на невработеност лани изнесуваше 7,6 отсто. Работниците во Белгија добиваат 20 дена одмор и има 10 државни празници во текот на годината. Сепак, тие не можат да го користат одморот доколку не работеле за нивниот работодавец најмалку една година. По еден слободен ден е загарантиран за секој од 10 државни празници, а ако работниците мора да дежура на тој ден, ќе добие уште еден слободен ден во неделата. Белгиските работници се продуктивни, со 59,50 долари на час. Сепак, растот во Белгија е во застој, а БДП се намали за 0,2 отсто во 2012 година.

Vacation2Во Италија, каде што стапката на невработеност изнесува 10,7 отсто, што е меѓу највисоките стапки во еврозоната, вработените имаат 30 дена одмор во текот на годината. Работниците во оваа земја имаат право на четири неделен одмор или на 20 дена одмор секоја година. Покрај тоа, во Италија има 10 национални платени празници. Работниците се екстра платени дури и кога тие празници не се во работни денови. Поранешниот премиер Марио Монти донесе реформи за подобрување на пазарот на труд, за кој рече дека е составен од претерано заштитени постари работници и млади кои не можат да најдат работа. Реформите се наменети да им овозможат на компаниите да укинуваат работни места според потребите, а во исто време да се обесхрабрат од злоупотреба на привремените договори како начин за да се избегне ангажирање работници со полно работно време.

Во Нов Зеланд годишно се одмора 30 дена. Стапката на невработеност во 2012 година изнесуваше 6,9 отсто. Нов Зеланд е единствената земја на ОЕЦД, надвор од континентална Европа, која бара работниците да добиваат платен одмор и празници, комбинирано, од најмалку 30 работни дена. Според Актот за празници, работниците кои работат на државен празник треба да бидат платени еден и пол пати повеќе од нормалната плата. Економијата на земјата е мошне силна.

Во Македонија, со стапка на невработеност од 29 отсто, законски се гарантирани 20 дена годишен одмор. Плус има 11 државни празници на кои не се работи, што важи за сите граѓани, а неработни се и верските празници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1