Путин нареди 65.000 војници да се на борбена готовност во централна Русија


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека рускиот претседател и Врховен командант на вооружените сили Владимир Путин одлучил да се изврши ненадејно комплексно тестирање на борбената готовност на целиот состав на Централниот воен округ.

putin56– Согласно неговата наредба, денеска од 11 часот по московско време, војската на Централниот воен округ, како и единиците и групите кои се стационирани на негова територија, преминуваат во целосна борбена готовност, истакна Шојгу.

Рускиот министер за одбрана прецизира дека проверката ќе биде спроведена од денеска до 28 јуни.

Шефот на рускиот Генералштаб, Валери Герасимов, рече дека на еднонеделната вежба ќе учествуваат  65.000 војници. Герасимов рече дека ќе учествуваат и војници на воздухопловството, како и воени авиони и хеликоптери, над 180 авиони и околу 60 хеликоптери. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1