Јанукович претрпел тежок срцев удар – префрлен е во болница


Виктор Јанукович се наоѓа во болница во Москва откако претрпел срцев удар – јавуваат руските медиуми.

Janukovic 2Развластениот украински претседател е во тешка состојба – пишува рускиот весник Московски Комсомолец.

Според извори на весникот Јанукович веројатно имал срцев напад. Тој е во болница во тешка состојба. Името на болницата не се открива. официјална потврда на информацијата се уште нема.

На почетокот на неделава имаше шпекулации дека Јанукович починал во Русија од срцев удар, но тоа во вторникот беше демантирано од рускиот претседател Путин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1