Србија ќе добие милијарда евра – услов да изгради најголема џамија во Европа


Владата на Србија едногласно го усвои заклучокот за прифаќање на заемот од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ ) во износ од една милијарда евра. Србија ќе го враќа кредитот десет години со годишна каматна стапка од 2 посто. Поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во проектот “Белград на вода”, пишуваат медиумите во Емиратите.

6Првиот заменик премиер Александар Вучиќ присуствуваше на презентацијата на проектот “Белград на вода”, кој го претстави Мухамед Ал Абар, директор на новоформираната “Eagle Hills”.

Министерот за финансии, Лазар Крстиќ рече дека Србија на овој начин годишно ќе заштеди 40 милиони долари, или околу 400 милиони долари за десет години.

Ова е добар сигнал до меѓународната заедница и инвеститорите дека Србија има кредибилитет – рече српскиот министер за финансии.

Владата на Србија одлучи синоќа да прифати заем од Обединетите Арапски Емирати вреден милијарда долари, по поволни услови и проценка од првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ дека со тоа ќе се заштедат околу 300 милиони евра.

Министерот за финансии Лазар Крстиќ кој денеска се очекува да го потпише договорот за кредит, рече дека Србија на годишно ниво ќе заштеди по 40 милиони долари односно околу 400 милиони долари за десет години.

beograd-na-voci-LukaBeograd1-630x370– Тоа е добар сигнал од меѓународнатаз аедница и инвеститорите дека Србија има кредибилитет, истакна Крстиќ на седница на Владата.

Кредитот е со камата од два отсто, рок на враќање од 10 години и со отплата на кредитот се почнува по шест месеци од датумот на повлекување на парите.

– Главниот дел од кредитот не се отплаќа до крајот на периодот, што значи дека постои грејс период од десет години за враќање на главнината од долгот, нагласи министерот. Според Вучиќ, кредитот ќе се искористи за пополнување на дупките во буџетот и за репрограмирање неповолни кредити со камата од 7,5 отсто добивани пред четири и пет години, но и очекува дел од парите да се вложат во производство.

Еден од условите за инвестирањето на пари од ОАЕ е изградбата на најголемата џамија во Европа и забраната за точење на алкохол.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1