Јапонија прави џиновски аниме роботи да ја штитат


Да, точно прочитавте, очите не ве лажат. Тоа што до вчера го гледавме на цртаните филмови ќе имаме можност да го видиме и во вистинскиот живот во блиска иднина.

 Либерал-демократската партија на Јапонија, појавувајќи се на познатата видео платформа Нико Нико, изјавија дека планираат да направат вистински мека робот од познатото аниме Gundam.

 Оваа идеа не е нова и непозната, во 2008 година беа направени детални пресметки кои покажаа дека за вистински Gundam mecha робот би требало да се потрошат 750 милиони долари.

 Партиските членови Масаки Тиара и Хидеки Нива истакнаа дека со создавањето и пуштањето во употреба на Gundam mecha, Јапонија ќе прерасне од економска и технолошка сила, во светска сила која ќе има загарантиран пазар, безбедност и почит.

 Овие политичари не зборат за 18,5 метарска реплика на роботот која би била само за заплашување, туку за целосно оперативен робот кој би влегол во единицата за заштита на Јапонија.

 Сепак извори од партијата изјавија дека иако се разгледува можноста за градење и пуштање во употрева на Gundam mecha, ова е очаен потег на ЛДП за придобивање на гласовите на љубителите на стриповите, цртаните филмови и видео игрите.

[youtube http://www.youtube.com/watch?v=gsoqf_5k4TQ]

Tags: , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1