Видео: Киднапирање на 3 год девојче во Индија, снимено на безбедносната камера


Шокантна снимка од безбедносните камери на железничката станица во Мумбаи, Индија. На видеото се гледа како маж на возраст меѓу 25 и 30 години се симнува од возот и застанува во чекалната.

Во еден момент го здогледал семејството како седи на клупите со мало девојче кое спиело. Седнал покрај неа, во еден момент само ја подигнал и исчезнал заедно со девојчето – сето тоа за 40 секунди.

25 годишниот киднапер е најден, а девојчето спасено. Киданперот Рају Гоуд го признал киднапирањето, го терал девојчето да проси во ресторани и храмови.

Малата Sangeeta Pawar, е добро, но во шок. Се чека на резултатите од медицинскиот преглед да се види дали киднаперот и сексуално ја злоставувал, изјавил, шефот на полицијата во Kotwali, Kiranlal Shah.

Родителите на девојчето, Laxman Pawar (42) и неговата жена Pushpabai (35) – се  работници кој ги чистеле пругите. Тој ден задоцниле и го испуштиле возот, па одлучиле да преспијат на железничката станица, пишува NDTV. Живееле во Vidarbha.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1