Јасновидецот Жуселино Нобрега да Луш предвидел дека во среда, 26. ноември, авион на летот „ЈЈ3720“ во 10.30 часот според Гринич, ќе има проблеми и ќе се сруши.
Тој рекол дека авионот на релација Сао Паоло – Бразилија, поради проблеми со турбините ќе се сруши на зграда во главната авенија на Сао Паоло, и тоа веднаш по полетувањето.
Компанијата поради тоа одлучила да го промени бројот на лет на „JJ4732“.
„Безбедноста на патниците е на прво место“, се наведува во соопштението на компанијата која ова предупредување го сфатила сериозно и додала дека ќе бидат посебно претпазливи во тој период.
Медиумите наведуваат дека јасновидецот го предвидел ова уште во 2005. година и дека изјавата ја заверил кај нотар.