Јасновидецот Милан Тарот: Лепа Брена е под влијание на црна магија од колешка


Откако фолк ѕвездата Лепа Брена по Нова година повторно падна и си ја скрши раката, во јавноста се јави контроверзниот јасновидец Милан Тарот.lepa

Како што пренесуваат српските медиуми јасновидецот смета дека фолкерката е жртва на црна магија и дека итно треба да превземе нешто за да не биде доцна.

– Лепа Брена е под влијание на црна магија која и ја направила една нејзина колешка и нема многу време да се ослободи од тоа. Магијата станува се посилна – напишал Милан на Фејсбук.

Тој не прецизирал за која колешка станува збор, но сепак ја предупредува фолкерката дека станува збор за нејзиниот живот и дека треба да се видат во четири очи.

Брена по повредата закрепнува дома. За среќа овој пат не и бил потребна хируршка интервеницја., туку само и бил ставен гипс на десната рака и извесно време ќе треба да мирува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1