Дваесетгодишниот Кенет Браун од американската држава Илионис се удавил на 1 јануари пред очите на 22 пожарникари и голем број на сведоци, а трагичната сцена била снимена со камера.
Браун се обидел да го претрча заледеното езеро, ледот попуштил, а тој пропаднал низ него и завршил во ладната вода.
Според некои тврдења, момчето бегало од полицијата, но засега тоа не е потврдено.
Полицијата и пожарникарите веднаш стигнале на местото на случување, но биле преплашени и внимателни и самите да не пропаднат под мразот. 15 минути неуспешно било фрлано јаже, но сепак момчето не успеало да го дофати и се удавило.
Останало нејасно зошто спасувачите порано не пристигнале на местото на настанот со гумен чамец. Полицајците и пожарникарите одбиваат да го коментираат целиот случај.