Јохан Тарчуловски е во Кисела Вода. Ова беше објавено пред половина час на фејсбук профилот на Јохан Тарчуловски, и предизвика лавина од коментари и прашања.
Фејсбук пријателите на Јохан се прашуваа дали завршила казната, дали навистина се вратил во Скопје, дали е информацијата точна или некој си поигрува. Но модераторот на страната не се огласи зошто е ставен тој статус. Единствено помеѓу сите лајк на статусот е и лајкот од Јохан Тарчуловски.
Нема информации кој ја води страната на Тарчуловски, досега се зборуваше дека е неговата сопруга Соња.
Дали некој го хакнал профилот на Јохан или некој солено се пошегувал – нема информации.
По објавувањето на оваа информација постот е избришан, а според некои портали сопругата на Јохан изјавила дека таа го ставила статусот сакајќи да го тагира местото каде живее Јохан, каде е неговиот дом. Но откако ова тагирање предизвика милион прашања од фејсбук пријателите и внесе забуна меѓу нив дека Јохан се вратил во Скопје – постот е остранет.