Јордан светлосни години заостанува зад Европската кошарка, Грците пресилни


Убедлива игра од првата минута на Грција и резултатска катастрофа на Јордан, 107-63.

Уште пред почетокот се знаеше дека Јордан нема што да бара, па истото беше и преточено на теренот. Грците од сите можни позиции го наполнија кошот на преслабиот противник.

Изработија рутинирано, со ротација на сите кошаркари, да се сочуваат силите. Најефикасен кај победниците Папаниколау со 19 и Мавроеидис со 15, иако беше само 13 минути во игра. Утре Јордан ќе има можност за поправен и ќе се сретне со Порторико. Грците одмараат. Ден потоа и тие играат со Порторико.

Tags: , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1