Идните полицајци ја покажуваат својата сила



Склекови, стомачни вежби и трчање, почнаа тестовите за идните полициски службеници.

Според многумина ова е најтешкиот дел, од тестирањето, вистински тест за физичката подготвеност, во кој не се поштедени ниту припадничките на понежниот пол.

Кандидатите што не одговорија соодветно на предизвиците беа веднаш елиминирани. Во двете скопски касарни „Гоце Делчев“ и „Илинден“ секој ден ќе бидат тестирани по 500 – тини кандидати, кои ќе бидат обележани единствено со бројки, а за поголема транспарентност при вработувањето секој тест ќе биде видео документиран. За 300 работни места се борат дури 7.597 кандидати. По физичките тестови, ќе се мерат и нивните интелектуални способности.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1