Јунајтед рутинирано, КПР стигна до првата победа


Во денешните натпревари од 17-то коло од Англиската Премиер Лига Манчестер Јунајтед стигна до рутинирана победа од 3:1 против Сандерленд.

fudbal222Со погодоците на Робин ван Перси (16’), Том Клеверли (19’) и Вејн Руни (59’), единствениот погодок за сандерленд беше дело на Фрејзер Кемпбел (72’). Со оваа победа екипата наМанчестер Јунајтед ја задржа предноста од +6 пред градскиот ривал Манчестер Сити, кој во терминот од 13:45 го совлада Њукасл на гостински терен со резултат 3:1.

Последнопласираниот Квинс Парк Ренџерс успеа да ја оствари првата победа дури после 17 одиграни кола. Тие на домашен терен го совладаа Фулам со 2:1.

Преглед на резултатите на некомплетиреното 17-то коло:

Њукасл – Манчестер Сити 1:3 (Демба Ба; Серхио Агуеро, Хави Гарсиа, Јаја Туре)

Ливерпул – Астон Вила 1:3 (Стивен Џерард; Кристијан Бентеке, Андреас Виман, Кристијан Бентеке)

Манчестерј Јунајтед – Сандерленд 3:1 ( Робин ван Перси, Том Клеверли, Вејн Руни;Фрејзер Кемпбел)

Норвич – Виган 2:1 (Антони Пилкингтон, Весли Холахан; Шон Малонеј)

КПР – Фулам 2:1 (Адел Тарабт, Адел Тарабт; Младен Петриќ)

Стоук – Евертон 1:1 (КенвинЏонс; (а.г) Рајан Шовкрос )

Утре се играат натпреварите:

14:30. Тотенхем – Свонси

17:00.ВБА – Вест Хем

Во понеделник се игра натпреварот:
21:00. Ридинг – Арсенал

Перица Гиевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1