К-15 да се исплаќа во ваучери за одмор во Македонија


Регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15, кој од годинава е задолжителен во приватниот сектор, да се исплаќа во ваучери за одмор во Македонија, предлага претседателката на Стопанската комора за туризам на Македонија, Лела Крстевска во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Таа вели дека на тој начин домашните туристи ќе останат во земјава, ќе се зголеми сезоната, ќе се намалат цените на хотелските услуги и ќе се влијае на растот на туризмот во Македонија.

lko– Верувајте дека во овие услови на криза со којашто во моментов се соочуваат повеќето земји во светот, а и туристичката индустрија како гранка се соочува со зголемена конкурентност, тешко е да се одржи позитивниот раст, тешко е да се одржи зголемен број на посети, тешко е да се одржат повторливите посети, односно туристите што се враќаа, поради огромниот избор што се јави во последни време, се отвораат нови туристички дестинации, секоја атракција веќе станува туристичка дестинација, аква паркови итн., така што конкурентноста е навистина тешка и во таа смисла Охрид се бори со кризата на свој начин, но и со негативната кампања – вели Крстевска.

Таа додава дека цените во Охрид ги одредува понудата и побарувачката, ги одредуваат трошоците и приходите и најмногу од сè, дека треба да се земе предвид дека Охрид е град, а не ресорт и цените во Охрид најмногу ги одредува сезоналноста.

На прашањето зошто во последните пет години се намалува бројот на домашни туристи, таа вели дека најимпликативни се визните режими.

– Со воведување на нискобуџетните летови, со воведување на слободата на патување, со симнување на влезните бариери во земјите се зголеми можноста да се патува надвор и тоа е добро, тоа е позитивно, затоа што секој ќе има можност да види што се случува на другата страна на дестинацијата и тоа е позитивно затоа што се изострува вкусот и преференците на туристот – објаснува Крстевска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1