Кабинетот на Николиќ потврди – имало инцидент на автопатот


Кабинетот на претседателот Томислав Николиќ потврди доцна вечерва дека имало инцидент на автопатот и дека се испитуваат мотивите зад инцидентот.

Според соопштението од кабинетот во петокот наутро се случил инцидент на автопатот кога возило неколкупати го пресекло патот на колоната автомобили кои биле во придружба на претседателскиот автомобил на Николиќ.

Српски Курир објави дека висок функционер на полицијата предизвикал инцидент околу 3 часот наутро кога со службен автомобил налетал на претседателската колона и неколку пати им го сечел патот. Инцидентот се случил на автопатот Белград –Ниш

Претседателот изразил верување дека инцидентот ќе биде испитан докрај, но од кабинетот не даваат детали за инцидентот или за лицето кое стои зад него.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1