Места за хорор одмор (Видео/Фото)


Ако некогаш сте биле на места кои ви делувале застрашувачки, подгответе се да видите нешто уште пострашно- од напуштени градови и забавни паркови до заборавени подземни тунели и лудници.

Во светот постојат многуместа кои поради напуштеност или морбидни приказни кои се раскажуваат за нив, ги плашеле жителите и ретките посетители.

Еден од нив е острoвот на куклите – се наоѓа сред мочуришниот предел на Мексико Сити каде што 50 години жиеел старец кој собирал кукли и ги бесел каде што можел.

Бизарното хоби на Хулијан Сантана Барера наводно поттикнало давење на мали девојчиња, а особено морничав детаљ од целата приказна е дека и тој самиот на крај се удавил во истиот канал.

Островот Гункањима (островот Воен Брод) го добил своето име според својот изглед, но на оваа листа се нашол поради тоа што порано бил населен од рудари, а потоа служел како логор за корејски затвореници, по што бил сосема напуштен.

Ова место денес е дел од градот Нагасаки, а јавноста за него покажала интерес по документарецот за состојбата на зградите во кои никој не живеел 35 години, како и поради тоа што се појавува во најновиот филм на Џејмс Бонд.

Веројатно едно од најпознатите места на светот е градот Припјат, основан во 1970-та за работниците на нуклеарната централа, а напуштен во 1986-та по чернобилската катастрофа.

Во него некогаш живееле околу 50.000 луѓе, а денес е потполно празен, тивок и се уште радиоактивен. Особено познато е панорамското тркало во забавниот парк чии седишта се уште се нишаат и шкрипат на ветрот.

Јапонскиот забавен парк Такаконума, отворен во 1973, затворен две години подоцна, па повторно отворен во 1986 и работел 13 години. По последното затворање во 1999 до ден денешен останал напуштен.

Полн е со ‘рѓа, додека старите метални направи цвичат во густа магла. Такаконума не може да се види на Google maps и се наоѓа 10-тина километри од озогласената Фукушима.

Урбаната легенда вели дека во Москва постои уште една, тајна подземна железница под она што сега официјално е метро во која се случуваат страшни работи.

Слични приказни се слушаат и за Британската лудница Хелингли која е сосема напуштена и се распаѓа.

Share Button
Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1