Каде да ја поставите новогодишната елка според Фенг шуи


Најдобро место за новогодишното дрво во домот според фенг шуи се аглите на собата или централниот дел од домот каде што ќе се стабилизира целиот наплив на енергија во текот на овој забрзан период од годината.
Во кој агол и да одлучите да ја поставите елката внимавајте да не го блокирате протокот на Чи енергијата низ вашиот дом. Чи енергијата поминува низ влезната врата во домот затоа елката не треба да биде во близина на вратите.

elka33Освен елката и мебелот може да го попречи тој проток на енергија затоа ако се придржувате кон фенг шуи правилата направете нов распоред на мебелот ако е потребно за да ја одредите адекватната локација на елката.

Фенг шуи советува да не ја ставите елката:
– во ходник или соба каде може да се блокира протокот на чи енергијата
– во близина на извор на топлина

Според практичарите на Фенг Шуи триаголнестиот облик на елката се смета за симбол на оганот и затоа најдобро место за елката дефинитивно е левиот агол од вашата куќа, простор кој се смета за тн. површина на богатството. Поставувајќи ја елката во овој дел од домот можете да привлече богатство и просперитет во вашиот дом во текот на годината што ја очекуваме.

Мама365.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1