Кој го одржува калифатот, колкава е платата на џихадистите?


Познато дека Исламска држава мошне добро заработува од своите активности, но малку е познато колкава е платата на борците, кои се наоѓаат на нејзиниот платен список, пишува „Фајненшл тајмс“.

Иако коалицијата, која е под водство на САД минатата недела го ликвидираше книговодителот на ИД, Абу Салах, најновите детали од истрагата за економската ситуација во ИД објавени во весникот покажуваат дека без копнени интервенции никој нема да може да ги спречи нејзините деловни комбинации од кои се финансираат илјадници екстремисти, кои се наоѓаат на нејзиниот платен список, пренесува МИА.isis pari nafta

Еден разузнавач на коалицијата изјави дека ИД има доволно девизни резерви и постојани приходи за да продолжи со воените операции со исто темпо уште најмалку три години.

Врз основа на документите и интервјуата, објавени со неколку поранешни команданти на ИД и ирачки и сириски функционери, „Фајненшл тајмс“ направи проценка на финансиската ситуација во ИД.

Исламистите изминатата година најмногу заработија од грабежи и препродажба на нафта, која претставува главен извор за финансирање.

ИД заработува речиси 900 милиони долари годишно, а две третини од тие пари одат на воените активности. На странците, кои се приклучуваат кон калифатот годишно одат меѓу 200 до 250 милиони долари.

Околу 20 милиони долари секој месец се трошат на борци во првите редови на фронтот, за кои се претпоставува дека ги има околу 30 илјади, додека на локалните борци и различни други помошници се трошат меѓу 15 и 20 милиони. Сите тие заедно ја сочинуваат групата од 70 илјади борци, кои се наоѓаат на платниот список на ИД.

Според овој извештај ИД неделно само на муниција троши околу еден милион долари, додека на различни други воени активности оди најмалку уште еден милион. Од друга страна нафта имаат во неограничени количини целосно бесплатно.

Борците имаат фиксен дел од 150 долари месечно, на кои се додаваат бројни додатоци и бенефиции, како што се 200 долари за воен плен и бонус за жени и робинки. Во просек оваа сума достигнува до 800 долари.

Финансискиот систем на ИД е мошне централизиран со седиште во Мосул. Не постои електронски банкарски систем, така што не може да се има целосен и прецизен увид во финансиските активности.

Поранешни милитанти, кои побегнале од ова исламистичка творба, тврдат дека платите знаат да доцнат и по неколку месеци, а дека голем дел од бонусите никогаш не се исплаќаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1