Народни верувања за новогодишната ноќ: ритуали за љубов и пари


Морате да обрнете внимание што облекувате, кого бакнувате и на кого му ја честитате новата година.

Без оглед дали се сметате себе си за суеверна личност, некои мали ритуали поврзани со Новата година можете да ги практикувате.zizici nova godina

Најчестите верувања кога се станува збор за правилата на однесување кои важат за денот во очи  како и првиот ден од новата година (31 декември и 1 јануари), а за кои се верува дека во наредната година ќе донесат среќа се:

Новогодишна ноќ

Кога е во прашање празничната трпеза, според верувањето на некои култури, ако подготвувате јадење од месо, пожелно е тоа месо од животните кои немаат крила (значи без пилешко и мисиркино месо). Според одредени народни верувања со тоа обезбедувате благосостојбата  да остане во вашиот дом, односно да не „одлета“  од вашата маса.

Работна година

Направете некоја симболична работа во првиот ден од Новата година иако е празник. Ако тој ден сте добиле тефтер за подарок, запишете го датумот, неколку зборови…задржете го вниманието, размислувајте за работата само неколку минути  во текот на тој ден. Според верувањето овој чин симболизира дека во текот на следната година ќе имате доволно работа и дека со волја ќе ги извршувате работните задачи.

Бакнежи за среќа

Во полноќ  бакнете ги саканите личности. Тоа се смета како потврда дека во претстојната година вашата љубов и близина ќе бидат трајни.

Односот со другите

Сличните обичаи кои важат за Божиќ. Важно е кој по полноќ, односно на 1 јануари прв ќе влезе во вашиот дом. Ова е важно затоа што се смета дека таа личност значително ќе влијае врз вашиот живот во следната година.

Црвено за среќа

Општопознато правило вели дека за  новогодишната ноќ треба да облечете нешто ново. За среќа во љубовта, се верува дека е добро да се носи долна облека во црвена боја.

Постојат и неколку верувања што не треба да се прави во овие два дена: Дури и ако не сте љубител на смс пораките, телефонирањето, испраќањето на мејлови, не пропуштајте да  им ја честитата Новата година на драгите луѓе како и да одговорите на честитките Со ова симболично ја јакнете врската помеѓу вас, развивате чувство на топлина и пријателство. На самиот почеток на годината избегнувајте да позајмувате пари. Симболиката е јасна – укажува на тоа дека во текот на годината ќе имате материјални проблеми, односно нема да имате пари во доволна мерка.

На 1 јануари не треба ништо да се изнесува од домот, а не треба ниту да се пере облеката  бидејќи тоа може лошо да влијае врз здравјето на домашните во следната година.

Ако 1 јануари биде ведар и сончев ден, без ветер значи дека во следната година ќе биде весал и богата.

За среќа со пари

Малечок ритуал – во секој паричник кој го имате во домот ставете пари. Тоа е знак дека следната година ќе живеете во благосостојба. За среќа во новата година исто така се верува дека е добро да се влезе без долгови и неплатени сметки.

Раѓање

Бебињата родени на 1 јануари се сметаат за „деца на среќата“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1