Ви треба само двор: Одгледувајте вакви животни и заработете 2.500 долари по парче!


Вредноста на овие кокошки е околу 2.500 долари. Одамна се хит во Индонезија, а потполно се црни, од пердувите до месото.ayam-cemani-kokoske-2

Црната боја не е невообичаена за животните, но овој вид кокошки Ayam Cemani посебно се издвојува: тие се црни и однадвор и одвнатре. Нивните пердуви се црни, нивниот клун, канџите, па дури и месото, коските и сите внатрешни органи. Единствено нивната крв не е црна, но е потемна, пренесе Србија Данас.

Што значи Ayam Cemani?

Зборот „Ayam“ значи „пиле“ во Индонезија, а „Cemani“ во превод значи „потполно црно“. Ова необично животно потекнува од Јава во Индонезија, а во Европа големо внимание привлекло дури 1998 година, кога за прв пат било донесено.

Ayam Cemani, исто така, е една од најскапите кокошки на светот – само една црна кокошка чини и до 2.500 долари.ayam-cemani-kokoske-4-29473

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1