Каде е денес најпознатата љубовница во историјата


Кога во август 1998 година претседателот на САД Бил Клинтон признал дека имал љубовна афера со својата тогаш 22-годишна неплатена стажантка и секретарка Моника Левински, изби еден од најголемите сексуално-политички скандали на сите времиња.
Тогаш 49-годишниот Клинтон многупати, дури пред истражните тела, негирал каква врска со „таа жена“, како што тогаш ја нарекувал.

Практикувале само орален секс

По извесно време, сепак Клинтон сè признал и изјавил дека „лажел против своја волја за да го зачува семејството од срам“, што за малку го чинело кариера.

Признал дека со Моника се наоѓал во Белата куќа и дека секогаш практикувале само орален секс. Моника на наговор на пријателката го сочувала синиот фустан прекриен со спермата на Клинтон за да може да докаже дека не лаже.

Во интервјуто со Барбара Волтерс во 1999 година Моника му се извинила на семејството Клинтон за нанесената штета и рекла дека била непромислена.

Признала дека не примила пари од Клинтон во замена за молчење и дека од други страни одбила понуди со вртоглави износи до 10 милиони долари за да изнесе детали од аферата.

Моника изјавила дека во поедини моменти била на раб на самоубиство и дека мислела дека ќе биде јавно понижувана додека буквално не умре од срам.

Предава на факултет

Моника денес има 44 години и сè уште е активна. „Полничката љубовница“, како што некогаш ја нарекуваа медиумите, се ослободила од вишокот килограми и се отселила во Британија.

Таму завршила психологијата, а денес живее на Менхетн и предава на факултет. Исто така, се занимава со проблемот злоупотреба меѓу тинејџерите. Моника немала ниедна подолга врска по аферата со Бил Клинтон. И денес е стигматизирана поради она што се случи во Белата куќа. Таа признава дека и понатаму, речиси 20 години по аферата, чувствува вина поради сè што се случило.

Сепак, истакнува дека нема намера да го промени презимето.

– Ниту еден од луѓето вмешани во истрагата не мораше да го промени презимето. Па, зошто јас да го променам? Понекогаш користам псевдоним за да ја заштитам својата приватност, но не се срамам од она што сум – изјавила Моника за магазинот „Портер“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1